Безбедносната состојба во Куманово е стабилна, оцени заменик министерот

Сподели со своите пријатели

Безбедносната состојба во Куманово е стабилна, оцени денеска заменик министерот за внатрешни работи Астрит Исени кој беше во посета на СВР Куманово.

Loading...

 

 

Во рамки на посетата, како што информираат од Министерството за внатрешни работи, било разговарано за севкупната безбедносна состојба на територија на Куманово вклучително и настаните со знамето и синоќешното опожарување на три возила и еден објект.

 

 

Loading...

– Беше констатирано дека безбедносната состојба е стабилна а овие изолирани случаи дел се целосно расчистени а дел се работи на нивно расчистување и изведување на сите прекршители пред лицето на правдата.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Неделна прогноза за Куманово: Што носат првите декемвриски денови?

 

 

Заменик министерот Исени уште еднаш истакна дека одржувањето на безбедноста, мирот и спокојот на граѓаните се апсолутен приоритет на полицијата и секој што ќе се обиде на било каков начин тоа да го наруши ќе биде спречен и санкциониран од страна на полицијата и изведен пред лицето на правдата