Поранешниот генерален секретар на НАТО, Јенс Столтенберг денеска изрази уверување дека привременото отстапување територии на Русија ќе биде опција за брз крај на украинската војна.
„Потребна ни е линија за прекин на огнот и, се разбира, идеално би требало да ги покрие сите територии кои моментално се под контрола на Русија, но гледаме дека тоа не е многу реално во блиска иднина. Украина би можела привремено да отстапи дел од своите територии за ова цел“, рече тој.
Столтенберг рече и дека е важно владата во Киев да добие безбедносни гаранции во замена за привремени територијални отстапки.
Според него, тоа би можело да биде членство во Алијансата, но има и други начини за вооружување и поддршка на Украинците.