Три лица загинаа во поплавите во Малезија, повеќе од 80.000 се евакуирани

Сподели со своите пријатели

Во поплавите низ неколку малезиски држави загинаа три лица, а повеќе од 80.000 луѓе се евакуирани, соопшти денеска малезиската влада.

Loading...

Веб-страницата на Националниот центар за команда за катастрофи објави дека 80.589 луѓе се евакуирани во 467 привремени засолништа во седум држави, додека Келантан и соседниот Теренгану биле најтешко погодени, пренесе Ројтерс.

Владата распореди повеќе од 82.000 припадници на безбедносните сили, како и чамци за спасување, возила со погон на четири тркала и хеликоптери за да му помогнат на населението.

Националниот железнички оператор КТМ Берхад на Фејсбук објави дека суспендирал девет железнички линии на источниот брег поради поплави.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Воспитувач во градинка осуден на доживотен затвор за злоупотреба на повеќе од 60 деца

Минатата недела беше објавено дека сезоната на монсуните се очекува да донесе обилни и продолжени дождови на истокот од полуостровот до 1 декември и дека се можни најлошите поплави во оваа деценија, пренесува Танјуг.