Малага евакуира илјадници луѓе, издадени нови предупредувања за поплави

Сподели со своите пријатели

Илјадници луѓе се евакуирани од своите домови во регионот Коста дел Сол во јужна Шпанија, откако беше прогласен црвен аларм поради екстремни врнежи и поплави.

Loading...

Шпанската агенција за цивилна заштита синоќа испрати масовно предупредување до телефоните во провинцијата Малага, предупредувајќи на „екстремен ризик од дожд“, пишува Би-би-си.

Областа, вклучувајќи ги и популарните туристички одморалишта како Марбела, Велез и Естепона, се очекува да биде најмногу погодена од новиот временски феномен познат како „Дана“.

Другите делови на Шпанија, вклучувајќи ги Каталонија и брегот Тарагона, исто така се под црвена тревога, додека Валенсија, Андалузија и Балеарските Острови се под портокалова тревога.

Во Малага, училиштата се затворени, како и многу супермаркети.

На околу 3.000 луѓе во близина на реката Гвадалхорц им беше наредено да ги напуштат своите домови.

Министерот во регионалната влада на Андалузија, Антонио Санз изјави дека се евакуирани одредени области покрај реката, а не цели населби.

Во меѓувреме, на друго место во Шпанија, спасувачите ги извлекоа телата на двајца млади мажи кои загинаа во поплавите во Валенсија пред две недели.

Loading...

Предупредувања за тропски дождови и невреме се очекуваат и во наредните денови, посочуваат метеоролозите.

Како што беше претходно најавено, метеоролошките служби денеска ги предупредија граѓаните да бидат внимателни, бидејќи повторно се очекуваат катастрофи.

Агенцијата Аемет предупреди на дожд и невреме кои би можеле да бидат многу силни.

Дополнително, издадено е предупредување поради снег во северниот дел на Екстремадура и регионот Кастиља и Леон, каде што некои патишта се веќе затворени, а за други употребата на синџири е задолжителна, како и поради крајбрежните појави во Галиција. и по целото медитеранско крајбрежје.

Конфедерацијата на хидрографски области предупредува на можен пораст на нивото на водата во долниот тек на Ебро, при што аеродромот во Палма де Мајорка има доцнења, додека Форментера, Ибица и Мајорка остануваат под портокалово предупредување поради дожд од утринава.

Вицепремиерката Јоланда Дијаз потсети дека работниците може да отсуствуваат од своето работно место во случај на црвено предупредување доколку постои ризик по нивното здравје и ги повика работодавците да ги преземат „сите мерки за заштита на животот“ на работниците.

Минатиот месец во Шпанија беа потврдени 222 смртни случаи поради поплави, а 23 лица се водат како исчезнати.