За време на нападот врз иранските воени објекти на 26 октомври, израелските воздухопловни сили го уништија целиот стратешки одбранбен потенцијал на Исламската Република, објави израелското воено радио „Гејли ИДФ“, повикувајќи се на безбедносни извори.
„Во нападот беше уништен целиот стратешки одбранбен потенцијал на Иран, односно сите батерии на противвоздушни ракети со долг дострел. Иран имаше два такви модели – рускиот систем С-300 и уште еден модернизиран модел од Иран. Сите батерии беа уништени, како и радарите со долг дострел. Всушност, Иран сè уште има само домашно произведени системски батерии со краток дострел“, се вели во соопштението на радио станицата.
Како што е наведено, најголема штета на батериите за противвоздушна одбрана е предизвикана во Техеран и западен Иран, од каде претходно беа лансирани балистички ракети на израелска територија.
Според израелски воени извори, „Иран го изгубил стратешкиот потенцијал на ракети земја-воздух во следните две, три години“, бидејќи набавката на нови системи за противвоздушна одбрана е проблематична во сегашната ситуација, додека производството на нови ирански системи би требало долго време.
Се посочува и дека, според отворените податоци, Иран има над 2.000 балистички ракети со долг дострел.
Се наведува и дека при израелскиот напад биле оштетени само капацитетите за производство на нови ракети, а не и постоечкиот арсенал.
Израелското воено радио тврди дека „и покрај различните вести и најави, не е направена никаква штета на иранската индустрија за беспилотни летала“.