Прага ги забрани ноќните туристички тури во баровите

Сподели со своите пријатели

Прага ги забрани турите во барови организирани од туристички компании, во обид да ја спречи бучавата што ја создаваат пијаните туристи, пренесува Politico.

Loading...

Забраната, донесена од градските советници, значи дека вечерните обиколки во баровите и пабовите, каде туристичките групи ги обиколуваат просториите, веќе нема да бидат можни меѓу 22 и 6 часот наутро, јавуваат чешките медиуми.

„Сакаме културни и богати гости“

Во предлогот на градот се наведува дека „неразумното консумирање алкохол и однесување поврзани со посета на пабови може да создаде впечаток на недостаток на култура во заедницата, да го намали чувството на сигурност и да има негативно влијание врз перцепцијата на градот од страна на туристите, потенцијалните инвеститори и самите граѓани“.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Земјотрес го погоди Мароко

Заменик-градоначалникот на Прага, Зденек Хриб, им рече на новинарите дека „нема да биде можно да се организираат тури со водич ноќе“, додека неговиот колега, исто така заменик-градоначалник Јиржи Поспишил, рече дека градот „бара покултурни и богати туристи, а не оние кои доаѓаат само на кратко да се опијанат“.

Жителите на центарот на Прага долго време се жалат на бучава и несигурност поради масовниот туризам.

Улиците се полни со пабови и пивски сали во земјата која има најголема потрошувачка на пиво по глава на жител во светот.