Неделна прогноза за Куманово: Уживајте во сонцето!

Сподели со своите пријатели

Денеска низ Македонија утрото ќе биде посвежо, а преку денот сончево и релативно топло со мала до умерена локална облачност.

Loading...

Ќе дува слаб ветер од јужен правец, информираат од Управата за хидрометеоорлошки работи.

Минималната температура ќе биде во интервал од 3 до 12, а максималната ќе достигне од 22 до 29 степени.

 

 

Во Куманово и околината денеска ќе имаме сончево и топло време.

Ќе дува слаб до умерен јужен и југоисточен ветер.

Loading...

Утринската температура ќе се движи околу осум степени, додека максималната дневна се очекува да достигне 25 степени целзиусови.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  44-годишник нападнат во кумановско Проевце

 

 

Утре низ кумановско ќе имаме претежно облачно време со кратки сончеви интервали. Ќе дува слаб до умерен ветер од јужен правец. Температурата во утринските часови ќе се движи околу 12 степени, а максималната дневна се очекува да достигне 24 степени целзиусови.

Претежно сончево време со мала облачност ќе имаме во среда. Ќе дува слаб до умерен јужен ветер, а температурата ќе биде во интервал од минимални 12 до максимални 24 степени целзиусови.

Во четврток ќе имаме претежно сончево и топло време со мала облачност и слаб до умерен ветер од јужен правец. Температурата во утринските часови ќе се движи околу 12 степени, а максималната дневна се очекува да достигне 26 степени целзиусови.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  40-годишна кумановка нападната од поранешниот сопруг

 

Loading...

 

Сончево и релативно топло за овој период од годината, ќе биде времето во петок. Ќе дува слаб до умерен јужен ветер, а температурата ќе се движи од минимални 12 до максимални 28 степени целзиусови.

Во сабота ќе имаме сончево и многу топло време со слаб до умерен ветер од сверен правец. Утринската температура ќе се движи околу 12 степени, а дневниот максимум се очекува да достигне 29 степени целзиусови.

Во недела ќе имаме променливо облачно време. Ќе дува слаб до умерен северен и североисточе ветер. Температурата ќе се движи од минимални 11 до максимални 21 степен целзиусов.

Ноќта кон понеделник се очекува дожд.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  44-годишник нападнат во кумановско Проевце

 

Loading...

 

Суво и топло време ќе имаме и во текот на следната работна недела, но со нешто пониски максимални температури.

Никола Ивановски