Сијарто: Унгарија нема да го поддржи членството на Косово во Советот на Европа

Сподели со своите пријатели

Министерот за надворешни работи и надворешна трговија на Унгарија Петер Сијарто денеска изјави дека Будимпешта нема да го поддржи членството на Косово во Советот на Европа.

Loading...

Сијарто, одговарајќи на прашањето на Танјуг, рече дека ставот на Унгарија во однос на членството на Косово во ЈИ и претходно беше јасно дека оваа земја сака да има мир, стабилност и безбедност во регионот на Западен Балкан.

„Ние навиваме за успехот на дијалогот меѓу Белград и Приштина, но веруваме дека фактот што Косово аплицира за членство во меѓународните организации не придонесува за тој дијалог. Унгарија нема да го поддржи приемот на Косово во Советот на Европа – изјави Сијарто.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Дунав се излеа во Будимпешта, водата стигна до зградата на парламентот (ВИДЕО)