Маж дивеел во Калифорнија и за три часа убил 80 животни (ФОТО)

Сподели со своите пријатели

Властите во округот Монтереј, Калифорнија уапсија маж осомничен за масакрирање на десетици животни.

Loading...

Имено, осомничениот во вторникот наутро убил различни животни; вклучувајќи минијатурни коњи, зајаци и птици.

Висенте Џозеф Аројо (39) почнал да пука со повеќе оружја по случаен избор и убил приближно 80 животни во рок од три часа, соопшти канцеларијата на шерифот.

Властите добиле повеќе извештаи за истрели околу 3:25 часот. Полицијата веднаш излегла на терен, но поради слабата видливост (било  ноќ) тешко го лоцирала изворот на пукањето, пишува NBC News.

Неговата кауција била проценета на 50.000 долари

Поради тоа на помош биле повикани специјалци, а за потрагата пожарникарите обезбедиле и беспилотни летала.

Дронот го лоцирал осомничениот во лозје северно од Прундејл, по што тој бил уапсен од SWAT.

Истрагата откри дека Аројо убивал различни животни, вклучувајќи минијатурни коњи, кози, зајаци, заморчиња, кокошки, патки и други видови птици.

Некои животни го преживеаја масакрот, но поради сериозноста на повредите мораа да бидат евтаназирани.

Loading...

Аројо беше затворен во затворот во округот Монтереј под сомнение за поседување оружје, вандализам, криминални закани и суровост кон животните.

Неговата кауција беше одредена на 50.000 долари.