Уапсена поранешна градоначалничка на Филипини, обвинета е дека е кинески шпион

Сподели со своите пријатели

Поранешна филипинска градоначалничка, која со недели беше во бегство, откако беше обвинета дека е кинески шпион, е уапсена.

Loading...

Филипинските власти ја бараа Алис Гуо во четири земји, откако таа исчезна во јули по истрагата за нејзините наводни криминални активности, јавува Би-Би-Си. Таа е обвинета за заштита на онлајн казина кои биле фронтови за измами и центри за трговија со луѓе во малиот град Бамбан. Таа ги негира обвинувањата.

Филипинските власти соопштија дека се координираат со нивните индонезиски колеги за да ја вратат на Филипините „што е можно поскоро“.

Полицајци: Нејзините отпечатоци се совпаѓаат со оние на кинески државјанин

Гуо рече дека пораснала на семејна фарма со татко Кинез и мајка Филипинка, но официјалните лица кои ја истражуваат можната измама рекоа дека нејзините отпечатоци се совпаѓаат со оние на кинескиот државјанин Гуо Хуа Пинг и ја обвинија дека е шпионка која соработувала со криминални организации.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  ФРАНЦИЈА: Мајката која наводно брутално си ги убила 3-те деца, пронајдена мртва

Нејзиниот случај привлече меѓународно внимание, а нејзината сестра беше приведена и испрашувана.

Сепак, Кина не ги коментираше обвинувањата.

Властите веруваат дека Гуо ги поминала граничните контроли во јули и отпатувала за Малезија и Сингапур на пат кон Индонезија, каде што беше уапсена вчера.

За време на рацијата во градот Бамбан, полицијата пронашла околу 700 работници во центарот за измами, меѓу кои 202 кинески државјани и 73 други странци, кои биле принудени да се претставуваат како љубовници на интернет.

Loading...

Истрагата е фокусирана на откривање како е можно Гуо да не знаела што се случува иако центарот се наоѓа во близина на нејзината канцеларија.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Поради нови поплави, училиштата затворени, а откажани возовите во Малага и Тарагона (ВИДЕО)

За нејзино апсење е распишана потерница, отстранета е од должност

Се истражува и неговото потекло. Имено, релативно непозната во локалната политика, таа беше избрана за градоначалник во првата кандидатура за јавна функција, што е реткост во областите во кои владеат политички семејства.

Нејзините нејасни одговори на прашањата за нејзиното потекло ги наведоа официјалните лица да ја обвинат дека е кинески шпион.

Таа се обиде да го објасни тоа во ТВ интервју. Таа тогаш рекла дека таа е вонбрачно дете на нејзиниот татко, а мајка и е негова слугинка и тоа е причината да води мирен живот далеку од очите на јавноста.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Холандската полиција уапси 281 лице на забранет пропалестински протест

Но, откако контроверзите не стивнаа и откако Гуо одби да се појави на сослушувањата, беше распишана потерница за нејзино апсење.

Набргу потоа антикорупциската ја отстрани од функцијата.