Три лица се повредени, од кои едно потешко по судар меѓу товарно возило и мопед кој се случила вчера на улицата „Индустриска“ во Куманово.
– На 22.08.2024 во 16.30 часот во СВР Куманово било пријавено дека на ул.„Индустриска“ во Куманово се случила сообраќајна несреќа помеѓу товарно возило „волво“ со кумановски регистарски ознаки, управувано од П.Х.(38) од село Сопот, кумановско и мопед со кумановски регистарски ознаки, управуван од Н.С.(21) од село Романовце, кумановско, информираат од Министерството за внатрешни работи.
Во несреќата, како што додаваат од МВР, со тешки телесни повреди се здобил малолетен сопатник од мопедот, а со телесни повреди се здобиле двајцата возачи, констатирани во Општа болница Куманово.
Извршен бил увид од увидна екипа од СВР Куманово.
Никола Ивановски