Украина изврши еден од најголемите напади со беспилотни летала врз Москва, а руските единици за противвоздушна одбрана уништија најмалку десет дронови, изјави утринава градоначалникот на Подолск, кој се наоѓа на 38 километри јужно од руската престолнина.
„Системите за противвоздушна одбрана продолжуваат да ги одбиваат нападите на непријателските летала. Некои од нив беа уништени над Подолск. Ова е еден од најголемите обиди за напад на Москва со беспилотни летала. Сè уште ја следиме ситуацијата“, напиша градоначалникот Сергеј Собјанин на Телеграм.
На социјалните мрежи се шират снимки од нападот.
The Mayor of Moscow Sergei Sobyanin says that Russian air defenses have shot down 10 UAVs tonight. He says this is one of the largest UAV attacks on Moscow. https://t.co/Fk4PJ3ru7yhttps://t.co/D1btneEetghttps://t.co/B9Lzrn2hWJhttps://t.co/b768uROrm3https://t.co/BKMIfnmCqo pic.twitter.com/hkY84VoGpI
— Rob Lee (@RALee85) August 21, 2024
Според првичните информации, нема повредени лица, ниту евидентирана штета, додаде Собјанин.
Украина во изминатите неколку месеци постојано испрати по еден или два беспилотни летала кон Москва, секој пат без значителна штета.
Нападот утринава е поголем од најголемиот досега
Сепак, се чини дека овој последен напад е поголем од оној во мај минатата година, кога над главниот град беа уништени најмалку осум дронови, што го поттикна рускиот претседател Владимир Путин да рече дека Киев се обидува да ја испровоцира и исплаши Русија.
Руските власти ретко даваат целосни детали за нападите, главно известувајќи само за уништени беспилотни летала од нивните единици за воздушна одбрана.
Исто така, и Русија и Украина ретко го откриваат целосниот обем на штетата што се јавува како резултат на меѓусебни напади, освен во случаи кога е оштетена станбена или цивилна инфраструктура или кога е убиен цивил.
Ukraine 🇺🇦 has launched a massive kamikaze drone attack tonight on multiple locations in Russia, including Moscow, Rostov, Bryansk, and Belgorod pic.twitter.com/KxYh0NBliL
— Ukraine Battle Map (@ukraine_map) August 21, 2024
Дел од посеопфатен напад
Споменатиот напад на Москва е дел од поширокиот напад со беспилотни летала од Украина, забележаа руските власти, имајќи предвид дека системот за противвоздушна одбрана запре 18 беспилотни летала над областа Брјанск во југозападна Русија и уште неколку над други региони.
Но и таму не е забележана штета.
Ројтерс не можеше веднаш да ги потврди овие извештаи, а Украина се уште не ги коментираше.
Во последните месеци Киев ги зголеми воздушните напади на руска територија, но истакнува дека тоа го прави со цел да ја уништи клучната инфраструктура потребна за воени операции.
Тие наведуваат и дека нивните напади се одговор на континуираните руски напади на украинска територија.