Се обидел да ограби кумановка, ја турнал и се повредила

Сподели со своите пријатели

Шеесет и седумгодишна кумановка завршила во болница, откако засега непознато лице се обидело да ја ограби.

Loading...

– На 10.08.2024 година во 19.11 часот во СВР Куманово било пријавено од С.И. (68) од Куманово, дека додека се движела низ градот, едно лице се обидело да и го одземе од рака нејзиниот паричник, и откако не успеало во намерата ја турнал на земја и го напуштил местото на настанот, информираат од Министерството за внатрешни работи.

Како што додаваат од полицијата, С.И. од падот се здобила со повреди, констатирани во Градската општа болница Куманово.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Исчезнат жител на Младо Нагоричане

– Се преземаат мерки за расчистување на случајот, велат од МВР.

Никола Ивановски