Новиот лек за остеопороза, Абалопаратид, ќе биде достапен во Англија во рок од три месеци откако денеска беше одобрен од Националниот институт за здравство и нега.
Овој лек би можел да им помогне на повеќе од 14.000 жени во постменопауза, пренесува лондонски Гардијан.
Оваа болест со слабеење на коските погодува 3,8 милиони луѓе во Обединетото Кралство, а особено ги погодува постарите жени, бидејќи лачењето на хормонот естроген, важен за густината и јачината на коските, се намалува за време на менопаузата.
Остеопорозата доведува до зачестена појава на фрактури на коските, па годишно во Англија се регистрираат повеќе од половина милион фрактури.
Лекот Абалопаратид, кој ќе се продава под името Еладинос, а го произведува Терамекс, ќе биде достапен на англискиот пазар во рок од три месеци, пренесува Танјуг.