Се очекува Сунак и формално да му ја поднесе оставката на кралот Чарлс

Сподели со своите пријатели

Се очекува британскиот премиер Риши Сунак, чија конзервативна партија претрпе пораз од лабуристите на вчерашните избори по 14 години на власт, во наредните часови формално да му ја поднесе оставката на кралот Чарлс, јавува Би-би-си.

Loading...

Сунак се враќа во Лондон, каде наскоро ќе се сретне со кралот Чарлс, откако успеа да го задржи своето парламентарно место во Јоркшир.

По оставката на Сунак, се очекува кралот Чарлс официјално да побара од лидерот на лабуристите Кир Стармер да формира влада.

Во согласност со традицијата, ќе се очекува Сунак брзо да ја напушти Даунинг стрит, за разлика од другите западни земји како САД, каде што трансферот на власта е побавен, наведува Би-Би-Си.

Лабуристите освоија 410 од 650 места во Долниот дом на вчерашните општи избори во Велика Британија, според излезните анкети, со што ставија крај на 14-годишната влада предводена од конзервативците.

Според анкетите, Конзервативната партија на премиерот Риши Сунак ќе освои само 131 место, објави Ројтерс.