Во напад на милитанти на полициски контролен пункт во рускиот регион Северен Кавказ, загинаа двајца полицајци, додека други четворица се ранети, соопшти денеска руското Министерство за внатрешни работи.
Во соопштението се наведува дека при нападот и размената на оган што се случи доцна синоќа, во регионот Карачај-Черкесија, загинаа сите пет напаѓачи.
Националноста на напаѓачите и мотивот на нападот не се соопштени.
Истражниот комитет, највисоката агенција за криминални истраги во земјата, рече дека вооружените напаѓачи нападнале друг полициски контролен пункт во регионот една недела претходно, при што убиле двајца полицајци, а раниле еден.
Додека Чеченија се стабилизираше под лидерот Рамзан Кадиров поддржан од Кремљ по двете сепаратистички војни, насилството поврзано со исламистичките групи повремено избувнуваше во други делови на нестабилниот руски Северен Кавказ, како што е Карачај-Черкезија.