Голем митинг на ЗНАМ – За наша Македонија утре во Куманово (ВИДЕО)

Сподели со своите пријатели

Движењето ЗНАМ – За наша Македонија на кумановскиот градоначалник Максим Димитриевски, утревечер во 20 часот ќе одржи голем митинг на плоштадот во Куманово.

Loading...

Како што информираше денеска претседателот на Општинската организација на ЗНАМ – За наша Македонија, Даниел Стојчевски, на митингот ќе биде претставена програмата и ќе се обрати кандидатот за претседател Максим Димитриевски.

– Почитувани кумановци бидете дел од сеопшта промена, приклучете ни се на големиот митинг во Куманово на 18.04.2024 година во четврток со почеток во 20 часот на градскиот плоштад на кој ќе биде претставена програмата на Движење ЗНАМ – За наша Македонија и ќе се обрати нашиот претседателски кандидат, Максим Димитриевски, изјави Стојчевски.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Плато за „street workout“ поставено кај Соколана (ФОТО)

 

 

Според него, Македонија е обезличена, а достоинството на Македонецот е згазено веќе 30 години и тоа треба да се промени.

– Македонија обезличена, достоинството на Македонецот згазено. Пензионерот на работ на егзистенција. Средовечните во костец со анархија, младите со билет во еден правец в рака. Корупција, селективна правда, непотизам, инфлација, интелектуална деградација. Вака Македонија 30 години функционира, но сега е време за нејзина обединувачка преродба. Знам време е за нови ветрови на политичката сцена кои ќе донесат промени. Знам време е за столб на држава која цврсто ќе ја држи Македонија. Знам време е за избор на претседател кој што ѝ доликува на Македонија. Максим Димитриевски и движење Знам – За наша Македонија се иопција која ќе ја смени сегашноста и ќе донесе светла иднина. Да бидеме дел од една граѓанска револуција и да ја вратиме Македониај блиску до сонцето, онаму каде што припаѓа, изјави Стојчевски на денешната прес конференција.

Loading...
ПРОЧИТАЈТЕ И:  Кумановци освоија прво место во „Dota 2“ турнир (ФОТО)

Македонија, вели тој, „не повикува“.

– Одиме заедно до победа со Максим Димитриевски, идниот татко на нацијата, порача Стојчевски.

Никола Ивановски