Стрипот во кој за првпат се појавува Супермен е продаден за шест милиони долари

Сподели со своите пријатели

Примерок од стрипот од 1938 година, во која за прв пат се појавува Супермен, е купена за рекордни шест милиони долари, објави аукциската куќа „Херитиџ аукшнс“, која го продаде минатата недела.

Loading...

Стрипот е продаден на анонимен купувач по највисока цена досега, наведе аукциската куќа, пишува Гласот на Америка.

Аукциската куќа го опишува Action Comics #1 како „најважниот стрип што некогаш бил објавен“ и вели дека Супермен, кој се појавил во пролетниот број 1938 година, „останува неверојатно сличен“ на верзијата што ја гледаме во стриповите и на телевизија денес.

Покрај првото појавување на „Човекот од челик“ во тој стрип, дебитира и ликот на Лоис Лејн, новинарка која е симпатија на Супермен.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Жителите на овој град живеат на тони дијаманти и немаат намера да ги ископуваат! (ВИДЕО)

„Херитиџ аукшнс“ ги објави проценките на „Сертифајд гаранти компани“, сервис специјализиран за стрипови, дека во моментов во светот има само околу 100 примероци од овој стрип, кој пред 86 години го отпечатила компанијата „Национална сојузничка публикација“, претходник на „DC Comics“ во тираж од 200.000 примероци.

Цената од 6 милиони долари го надмина досегашниот рекорд за продажба на стрипот, чиј главен лик беше и Супермен.

Тој стрип е платен 5,3 милиони долари во 2022 година, според „Certified Guarantee Company“, сервис специјализиран за стрипови.

Другите копии од истиот стрип достигнаа милиони со текот на годините, вклучително и онаа што беше продадена за 3,56 милиони долари во 2021 година.

Loading...
ПРОЧИТАЈТЕ И:  Ноздрите кај ова племе се симбол на убавината - жените ги убиваат ако не го издржат третманот (ВИДЕО)

Овој примерок беше продаден како дел од четиридневната аукција на ретки стрипови за неколку познати суперхерои.