Димитриевски денеска во Карпош и Центар: Притисоците нема да ме одвратат од намерата да ги промениме нештата во наша Македонија

Сподели со своите пријатели

Максим Димитриевски , претседателскиот кандидат на Движењето ЗНАМ – За наша Македонија, денеска е во Скопје.

Loading...

Во изјавата за медиумите тој потенцира дека води позитивна кампања, се среќава со голем број на граѓани и отворено разговара за неговата Програма Манифест за Македонија и секојдневните проблеми на граѓаните.

„Одѕивот е голем, интересот и за мене како претседателски кандидат и за Движењето ЗНАМ- За наша Македонија, како пполитички субјект, секојдневно се зголемува“, рече Димитриевски.

Тој додаде дека и покрај тоа што водат позитивна кампања, притисоците на власта од ден на ден се зголемуваат.

„Тие притисоци се насочени првенствено кон нашите членови и активисти, дополнително кон граѓаните од ниските социјални слоеви, а и директно кон мене како претседателски кандидат. Бидејќи беа покренати поголем број на фингирани постапки иницирани од поединци коишто се блиски до власта, конкретно со случајот за кривичниот прогон“.

 

 

Loading...

Димитриевски при тоа потенцира дека:

„Јас и покрај сите притисоци ќе го дадам мојот максимум да ја презентирам мојата програма во целост пред граѓаните на територијата на целата држава. Веќе успеавме да посетиме поголем број на населени места и се сретнавме со луѓе кои даваат огромна поддршка. Денеска сме тука во Скопје, во општините Карпош и Центар и ќе
оствариме поголем број средби со граѓаните на кои ќе им ја доставиме нашата изборна програма. Верувам дека до крајот на кампањата ќе успееме да го посетиме секој дом и да ги увериме граѓаните дека нештата можат
да бидат поинакви. Запрашан со какви притисоци се соочува тој и членовите на Движењето, Димитриевски одговори дека се тоа непринципиелни методи, обиди за притисоци од аспект на вработени во јавна и државна администрација, а луѓе од ниските социјални слоеви добиваат нерпистојни предлози. Тоа, рече тој, е нешто што се случувало и во минатото.

Димитриевски во однос на неговиот случај одговори со прашање:

„ Дали имало случај во државата досега, против било кој од досегашните претседателски кандидати, во еден неполн месец да бидат поднесени две обвиненија против него и да биде повикан два пати на обвинител и еднаш
пред надлежен суд. Следното рочиште е веќе закажано на 30 април во текот на кампањата. Тоа е дополнителен притисок врз мене којшто има за цел да ме одврати од намерата во мојата борба, заедно со граѓаните да ги смениме нештата во наша Македонија и да ми одземе време во кампањата да не можам да се посвеатам на изборниот процес“.

Димитриевски во рамките на изборната претседателска кампања денеска и ќе има средби со граѓаните на општина Карпош и Центар.