Бизарни обичаи од Африка: Во Уганда тетката на невестата има односи со младоженецот

Сподели со своите пријатели

Можеби звучат шокантно за просечниот човек, но за луѓето во Африка, овие обичаи претставуваат воспоставена норма која мора да се почитува.

Loading...

Фамадихана во Мадагаскар

Фамадихана е церемонија која се одржува на секои седум години и вклучува отстранување на посмртните останки на покојникот, со кои потоа се танцува.

Секое семејство има забележано датуми кога треба да го направи тоа и сепак строго се придржуваат до старото правило.

Вообичаено е да се поканат сите соседи, а да се послужи ориз и алкохол.

Третиот ден започнува ритуалот при што се извлекуваат белите вреќи во кои бил завиткан покојникот за време на погребот.

Иако на повеќето луѓе обичајот им изгледа необичен, тој е насочен кон чест на покојникот, пишува National Geographic.rs.

 

Loading...

 

Чинија во устата во Етиопија

Девојките од племето Мурси од 15 години почнуваат да ја истегнуваат долната усна за да може да се вметне чинија во неа.

Колку е поголема плочата во дијаметар, толку повеќе вреди девојката.

Усната на девојчето, мајката ја пресекува и во неа се вметнува тркалезно парче дрво, а по заздравувањето на раната се проширува со вметнување на се поголеми парчиња.

Точната причина за оваа практика денес не е позната, но се верува дека овој обичај потекнува од времето кога ловците на робови талкале во Африка.

За да им бидат непривлечни, жените намерно се обезличувале и на тој начин го избегнувале ропството.

 

Loading...

 

Задолжителен интимен контакт со тетката на невестата во Уганда

Племето Бануанкор во Уганда сè уште практикува обичај што изненадува многу луѓе – младоженецот има интимен контакт со тетката на невестата.

На денот на свадбата се прави гозба во домот на невестата каде татко ѝ треба да го заколе бикот, по што се прави гозба во куќата на младоженецот.

Но, обичајот налага и овде да се направат два теста во кои е вклучена тетката.

Таа прво мора да ја тестира невиноста на девојчето, која доколку не се потврди, може да се соочи со смртна казна.

Вториот тест вклучува тестирање на сексуалната способност на младоженецот преку сексуален однос со него, тоа се прави затоа што тетката треба да провери дали идниот младоженец може да произведе потомство.

 

Loading...