Можеби нема ни да се преправате дека сте пациент на д-р Гугл, а еве кои прашања ги бараат корисниците низ светот во оваа „онлајн ординација“.
Како да престанам да ‘рчам?
Променете ја положбата на спиење, избегнувајте алкохол и навикнете се да ‘рчите одвреме навреме.
Дали кафето е лошо за здравје?
Не – има дури и некои позитивни својства, но како и во сè: умерено. Две кафиња на ден нема да ви наштетат.
Колку шеќер можам да јадам дневно?
Секој експерт ве советува да ги замените шеќерите со поздрави сорти или овошја, а самиот шеќер не треба да надминува повеќе од 10 проценти од хранливите состојки во целодневната исхрана.
Како да ослабнете?
Поздрава исхрана и физичка активност во комбинација од 80:20 (80 проценти здрава храна, 20 проценти нездрава и 80 проценти неделно вежбање, 20 проценти одмор) – ова е единствената формула која ги отстранува масните наслаги.
Како да се ослободите од целулитот?
Не постои волшебна напивка или магичен крем, но комбинацијата од здрава исхрана, физичка активност и повеќе течности заедно со масажа ќе ве доближат најблиску до целта во борбата против целулитот.