Американските сили уништија дронови и противбродски крстаречки ракети на бунтовниците Хути во Јемен, соопшти денеска американската воена команда на Блискиот Исток (Центком).
Уништени се три поморски беспилотни летала, противбродски крстосувачки ракетни системи и еден дрон подготвени за напади во Црвеното Море, се наведува во соопштението.
Се додава дека беспилотните летала и ракетните системи биле идентификувани во областите контролирани од јеменските бунтовници и претставуваат „непосредна закана“ за американските трговски и воени бродови.
Хутите, поддржани од Иран, извршуваат напади врз бродови за кои веруваат дека се поврзани со Израел од ноември.
Тие тврдат дека дејствуваат во знак на солидарност со Палестинците во Појасот Газа, каде Израел води војна против Хамас како одмазда за нападот на палестинското исламистичко движење на 7 октомври минатата година.