Две лица од Куманово се приведени откако полицијата пронашла кокаин, а во домот на едниот од нив и дигитални ваги и кушруми.
– На 22.02.2024 во 23.00 часот во Куманово, полициски службеници од Отсекот за недозволена трговија со дрога и оружје при СВР Куманово ги лишиле од слобода А.Н.(31) и Н.А.(36), двајцата од Куманово, информираат од Министерството за внатрешни работи.
Како што додаваат од МВР, при преглед кај нив бил пронајден кокаин, а подоцна при претрес во домот на Н.А.(36), извршен со судска наредба, биле пронајдени кокаин, шест дигитални ваги и повеќе куршуми.
– Тие биле приведени во полициска станица и по целосно документирање на случајот против нив ќе следуваат соодветни пријави, стои во соопштението.
Никола Ивановски