Кличко: Експлозии на периферијата на Киев

Сподели со своите пријатели

Експлозии се слушаат на периферијата на Киев, а силите за противвоздушна одбрана работат за време на нападите со руски беспилотни летала, најави градоначалникот на главниот град Виталиј Кличко.

Loading...

„Експлозии на периферијата на главниот град. ПВО функционира“, напиша Кличко на Телеграм, пренесува Укринформ.

Претходно беше прогласена тревога од воздух во регионот на Киев и главниот град поради напад на руски беспилотни летала, соопшти Киевската воена управа.

„Забележано е движење на непријателските дронови! Во оваа област дејствуваат силите за воздушна одбрана“, се вели во објавата на Телеграм.

Претходно, воздухопловните сили на вооружените сили на Украина известија дека руските трупи лансирале нападни беспилотни летала од типот Шахед од северниот правец.

Сите информации поврзани со најновите случувања со војната во Украина можете да ги прочитате ТУКА.