Украинските противвоздушни единици беа ангажирани по нападот на руските беспилотни летала над Киев, соопшти градоначалникот на главниот град на Украина, Виталиј Кличко.
Очевидци на Ројтерс рекоа дека експлозии одекнале во главниот град на Украина додека украинските противвоздушни единици тргнале во акција.
Очевидци рекоа дека сирените за воздушен напад се огласиле на источниот брег на реката Днепар, додека на спротивниот брег полицијата преку звучници ги предупредувала жителите на Киев, пренесува Ројтерс.
Претходно денеска руското Министерство за одбрана соопшти дека над Крим се соборени 26 украински беспилотни летала.
Сите информации поврзани со најновите случувања со војната во Украина можете да ги прочитате ТУКА.