Денеска околу 1 часот по полноќ во Киев се слушнале серија моќни експлозии, а според извештаите пет лица се повредени, а голем број згради се оштетени, изјавија тројца очевидци за Ројтерс.
Пет лица се повредени, а зградите се оштетени од остатоци од уништени проектили во киевскиот кварт Днипровски, изјави денеска градоначалникот на украинската престолнина, по претходните извештаи за руски воздушен напад врз градот.
Речиси истовремено со нападот, градската воена управа на Киев објави предупредување за воздушен напад на главниот град на Украина.
Градоначалникот Виталиј Кличко во порака до Телеграм рече дека жителите на една зграда се евакуираат, а службите за итни случаи работат на гаснење на неколку пожари предизвикани од паѓање на фрагменти од проектил.
Сите информации поврзани со најновите случувања со војната во Украина можете да ги прочитате ТУКА.