Приведен убиецот на 76-годишникот од Крива Паланка

Сподели со своите пријатели

Дваесет и седумгодишник е осомничен дека го убил 76-годишникот од Крива Паланка чие безживотно тело беше пронајдено минатиот месец.

Loading...

– На 05.12.2023 од страна на Одделот за криминалистичка полиција – Сектор за општ и насилен криминал, во содејство со СВР Куманово – ОВР Крива Паланка, лишен е од слобода С.Д.(27) од   Крива Паланка. Тој се сомничи дека сторил кривично дело „убиство“ врз М.Д.(76) од Крива Паланка, предвидено и казниво по чл.123 од Кривичниот законик, информираат од Министерството за внатрешни работи.

Имено, како што додаваат од полицијата. на 21.11.2023, по извршена обдукција на телото на М.Д., кој бил пронајден починат во својот дом на 20.11.2023, во Институт за судска медицина и криминалистика Скопје било констатирано дека станува збор за насилна смрт, по што веднаш се преземени комплексни оперативно-тактички мерки и активности за расчистување на случајот.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Без струја денеска и утре овие делови на кумановско

– Притоа, извршени се претреси во дом и други простории, разговори со повеќе лица, обезбедени се материјални докази, а осомничениот е пронајден и приведен во полициска станица, каде во службен разговор тој во целост го појаснил извршеното тешко кривично дело, стои во соопштението на МВР.

За случајот сочинета е кривична пријава по брза постапка, која е доставена до ОЈО Куманово и С.Д. е изведен пред Основен суд Куманово.

Никола Ивановски