Неделна прогноза за Куманово: Ред сонце, ред дожд

Сподели со своите пријатели

Времето денеска низ Македонија ќе биде сончево со мала до умерена локална облачност и ќе дува слаб до умерен ветер од северен до северозападен правец.

Loading...

Минималната температура ќе биде во интервал од -5 до 4, а максималната ќе достигне од 5 до 10 степени, информираат од Управата за хидрометеоролошки работи.

 

 

Во Куманово и околината денеска ќе имаме сончево време со слаб до умерен ветер од северен правец.

Температурата во утринските часови ќе се движи околу два степени под нулата, додека дневниот максимум се очекува да достигне до пет степени целзиусови.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Кумановец со огнено оружје се заканувал на својот сосед

 

Loading...

 

Утре во кумановско ќе имаме облачно време со слаб до умерен ветер од јужен и југоисточен правец. Утринската температура ќе се движи околу три степени, а дневната максимална ќе достигне до 7 степени целзиусови.

Среда носи облачно време со врнежи од дожд. Ќе дува слаб до умерен ветер од северен и североисточен правец, а температурата ќе се движи во интервал од минимални три до максимални осум степени целзиусови.

Во четврток ќе имаме променливо време, претежно облачно, но со услови и за дожд и за кратко сонце. Ќе дува слаб до умерено засилен ветер од северен и североисточен правец. Температурата во утринските часови ќе се движи околу еден степен под нулата, а дневниот максимум ќе се искачи до 7 степени целзиусови.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Спречен обид за грабеж во угостителски објект во Куманово, крадецот приведен

 

 

Loading...

Претежно облачно со сосема кратки сончеви периоди ќе биде во петок. Ќе дува слаб до умерен ветер од источен и југоисточен правец, а температурата ќе се движи од минимални -1 до максимални 6 степени целзиусови.

Облачно со врнежи од дожд ќе биде во сабота, кога ќе дува и слаб до умерен јужен и југоисточен ветер. Температурата во утринските часови ќе се движи околу два степени, а максималната дневна ќе достигне седум степени.

Слично, но без врнежи, ќе биде и во недела. Ќе дува слаб до умерен северен ветер, а температурата во интервал од утрински два до максимални седум во текот на денот.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Ученик од Куманово натепан од негови врсници

 

 

Слично време, дури и со повисоки дневни температури ќе имаме следната работна недела.

Никола Ивановски

Loading...