Пожар го зафати „Научниот центар Тесла“ во Шорехам во американската сојузна држава Њујорк.
Локалните медиуми јавуваат дека тоа е последната лабораторија што ја оставил познатиот научник Никола Тесла.
– Лабораторијата на Тесла е целосно зафатена од пламен. Каков страшен пожар. Од тука се чувствува мирисот. Апсолутно страшно – изјави Трејси Фарели, кој живее во близина.
Полицијата на округот Сафолк соопшти дека добила повик вчера попладне по локално време за пожар во зграда лоцирана на аголот на улиците Робинсон и Тесла во Источен Шорехам.
Од полицијата не соопштија други информации.
Fire burning at @TeslaScience Center! #NikolaTesla #Tesla #Wardenclyffe #LongIsland #NY @elonmusk pic.twitter.com/YothInf2GW
— Tesla New York (@TeslaNY) November 22, 2023