Ракометарките на Куманово впишаа нова убедлива победа во Женската ракометна суперлига, откако на гости го совладаа тимот на ЖРК Пелистер.
Кумановки уште од стартот покажаа доминација во играта и резултатска предност над домаќинот, која до средината на натпреварот беше двојно поголема.
На полувреме се замина со 5:11, а во вториот дел од средбата таа предност константно се одржуваше и зголемуваше за конечни 15:23.
Со седум постигнати голови најефикасна во тимот на Куманово беше Сузана Зечевиќ, пет впиша Јана Ѓошевска, а голманката Симона Грујовска брилираше со 20 одбрани.
Сепак оваа победа ги остава кумановки на петата позиција во табелата иако имаат ист број бодови како и второрангираниот Вардар.
Никола Ивановски