Европската унија нема „свое складиште за муниција“ за Украина, туку гранати мора да ги достават земјите од алијансата, изјави шефот на дипломатската служба на Европската унија, Жозеп Борел, по пристигнувањето на состанокот на Министрите за одбрана на Европската унија.
„Немам складиште за муниција овде во Брисел“, рече Борел на прашањето дали Брисел може да го исполни ветувањето дека ќе и достави еден милион артилериски гранати на Украина до март 2024 година.
Тој нагласи дека земјите од ЕУ ѝ доставиле на Украина преку 300.000 гранати од нивните магацини, а сега „задача на земјите од ЕУ“ е да ја произведат потребната количина муниција и да ја испратат во Украина.
Како што истакна шефот на германското Министерство за одбрана, Борис Писториус, во пресрет на состанокот во Брисел, Европската унија нема да може да го исполни своето ветување дека навреме ќе му достави милион гранати во Киев.
Тој објасни дека од самиот почеток имало мислења дека планот е нереален, поради недоволниот капацитет за производство на муниција.
И, за жал, се покажа дека тие биле во право“, нагласи тој.
И покрај тоа, сите одговорни моментално се обидуваат да ги забрзаат производните процеси, објасни тој, пренесува Спутник.
Сите информации поврзани со најновите случувања со војната во Украина можете да ги прочитате ТУКА.