Русија и Индија преговараат за заедничко производство на авионско оружје

Сподели со своите пријатели

Рускиот државен извозник на оружје Рособоронекспорт преговара со индиски компании за заедничко производство на авионско оружје за индиските воздухопловни сили, објави руската државна новинска агенција РИА.

Loading...

„Росборонекспорт соработува со јавни и приватни индиски компании со цел да организира заедничко производство на воздухопловно оружје и да го интегрира во постојната авијациска флота на Индија“, објави РИА зборовите на извршниот директор на Росборонекспорт Александар Микеев.

Не беа дадени детали за тоа кои индиски компании ќе учествуваат во производството, ниту кога ќе започне потенцијалното производство.

Индија и Русија заеднички произведуваат калашникови

Русија е најголемиот снабдувач на оружје за Индија. 45 отсто од оружјето увезено за индиската одбрана минатата година било од Русија, се наведува во овогодинешниот извештај на Стокхолмскиот меѓународен институт за мировни истражувања (СИПРИ).

Микеев рече дека Рособоронекспорт и партнерите од Индија набавиле борбени авиони Су-30МКИ, тенкови, оклопни возила и гранати за индиското Министерство за одбрана.

Индија и Русија започнаа заедничко производство на автоматски пушки Калашников АК-203 на почетокот на годината.