Пет хектари сува трева и шума изгореа во селото Сув Орах

Сподели со своите пријатели

Пет хектари сува трева и нискостеблеста шума изгореле вчера во пожар во селото Сув Орах во општината Старо Нагоричане.

Loading...

Како што информираат од Регионалниот центар за управување со кризи, пожарникари на ТППЕ Старо Нагоричане излегле на терен околу 14:45 часот со едно противпожарн возило и двајца пожарникари.

Во гаснењето, кое траело до 17:30 часот, се вклучиле и четворица граѓани.

Причините за избувнување на истиот засега се непознати.

На територијата на Куманово, пак, имало два помали пожари. Во селото Проевце гореле запален смет и сува трева, додека во атарот на селото Режановце рано утринава било интервенирано на запалено стрниште.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Кумановка повредена додека работела во продажен објект

Никола Ивановски