Отворено 26. издание на Денови на комедија (ФОТО)

Сподели со своите пријатели

Во Центарот за култура „Трајко Прокопиев“ во Куманово вчеравечер беше отворено 26то издание на Меѓународниот театарски фестивал „Денови на комедија“.

Loading...

 

 

„Синиот портокал“ на Театар Велес ја проследија над 600 гледачи на отворањето на фестивалот, кој годинава ќе има 11 претстави од Македонија и регионот.

 

 

Loading...

Фестивалот го отвори министерката за култура Бисера Костадиновска – Стојчевска, која рече дека се вложени многу љувоц и труд овој фестивал низ годините да прерасне во еден од најпопуларните во државата.

– Со секоја одиграна претстава се калеше фестивалската приказна, а тоа претставуваше одлична можност за вљубениците во театарската уметност, преку еден од најспецифичните жанрови – комедијата, да ја негуваат и да ја развиваат театарската култура која прерасна во традиција. Токму тука, во градот на безвременското ремек-дело ’Бегалка‘ од Васил Иљоски и неговата Ленче Кумановче, кои се синоним и препознатлив белег на Куманово, истакна Костадиновска-Стојчевска.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  „Дедо Мраз на мотор“ ја внесе новогодишната магија во Куманово (ФОТО)

 

 

Наградата „Васил Иљоски“ за лауреат на Денови на комедија годинава му беше врачена на актерот и режисер Коле Ангеловски.

 

Loading...

 

Ангеловски во своето обраќање рече дека наградата е посебна чест оти и самиот е еден од основачите на фестивалот.

За неговиот творечки опус накратко зборуваше минатогодишниот лауреат, актерот Благоја Чоревски.

 

 

Директорот на НУЦК „Трајко Прокопиев“, Сашо Тодоровски се заблагодари на семејството на Васил Иљоски кое веднаш дало согласност наградата на МТФ „Денови на комедија“ да го носи неговото име.

 

Loading...

 

Фестивалот е во целосна организација на Центарот за култура, а со финансиска поддршка на повеќе спонзори, Министерството за култура и Општина Куманово.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Плинска боца и бојлер предизвикаа пожари во две куќи во Куманово

 

 

Loading...

Фестивалот продолжува вечерва со претставата на Театар Штип – „Ле кретен“.

Никола Ивановски