Утре промоција на „Ноќни белешки“ од Весна Тодоровска

Сподели со своите пријатели

Во просториите на Занаетчискиот дом утре со почеток во 19:30 часот ќе биде промовирана стихозбирката  „Ноќни белешки“ од Весна Тодоровска.

Loading...

Тодоровска е наставник по македонски јазик и литература во ООУ „Кочо Рацин“, а на промоцијата фрагменти од делото ќе читаат токму нејзините некогашни ученици.

Промотори на овој настан ќе бидат Христина Алексовска и Катерина Костадинова.

– Низ стиховите на оваа стихозбирка се разоткрива мистеријата на миењето на душата низ летниот дож, без слобода нема пронаоѓање на сродната душа; оваа се стихови кои ја осознаваат  побудата која ги носи бранувањата од далечните мориња на животот, да се воздигне напластеното во душата, да се открие тежината на омразата, но и како се тоа да се победи, вели авторката.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Плинска боца и бојлер предизвикаа пожари во две куќи во Куманово

Стихозбирката е во издание на издавачката куќа „Дата-ПЕСНОПОЈ“ Битола и се најде во групата ракописи кои ќе се печатат во едицијата Книжевни меридијани.

Оваа стихозбирка ја освои наградата Душата на чаршијата.

Влезот на настанот е слободен за сите љубители на убавиот пишан збор.

Никола Ивановски

Loading...