Русија: Украински дрон го нападна Белгородскиот регион, го уништивме!

Сподели со своите пријатели

Руската армија собори украински дрон над Белгородската област, нема жртви или материјална штета, соопшти денеска руското Министерство за одбрана.

Loading...

„Денеска, околу 9 часот по московско време, беше спречен обид на режимот во Киев да изврши терористички напад со беспилотно летало врз објекти на територијата на Руската Федерација“, се вели во соопштението.

Се додава дека руските системи за противвоздушна одбрана откриле и уништиле дрон над територијата на регионот Белгород.

Регионот Белгород се наоѓа на западот на Русија, на границата со Украина.

Сите информации поврзани со најновите случувања со војната во Украина можете да ги прочитате ТУКА.