Северна Кореја би можела да лансира нов шпионски сателит на крајот на август или почетокот на септември, изјави денеска пратеникот на јужнокорејскиот парламент, Јо Санг-бум, повикувајќи се на податоци од тамошната разузнавачка агенција.
Првото лансирање на севернокорејскиот сателит во мај заврши неуспешно, но Пјонгјанг најави дека наскоро ќе испрати уште еден во орбитата.
Сангбум по состанокот со претставници на разузнавачката агенција рече дека ако Северна Кореја успее да ги поправи дефектите, тогаш постои шанса да го лансира сателитот за време на прославата на националниот празник на 9 септември.
Приоритет на Ким е лансирање на сателит
Севернокорејскиот лидер Ким Џонг Ун го наведе лансирањето сателити како приоритет во втората половина од оваа година.
Сангбум истакна дека Северна Кореја исто така подготвува воени дејствија, вклучително и лансирање на интерконтинентална балистичка ракета во знак на протест против претстојниот трилатерален самит меѓу САД, Јужна Кореја и Јапонија и заедничките вежби на Јужна Кореја и САД.
Американскиот претседател Џозеф Бајден утре во Кемп Дејвид ќе се сретне со јужнокорејскиот лидер Јун Сук-Јол и со јапонскиот премиер Фумио Кишида.
Сите информации поврзани со најновите случувања во Северна Кореја можете да ги прочитате ТУКА.