На повидок е договор меѓу Вашингтон и Џулијан Асанж

Сподели со своите пријатели

Амбасадорката на САД во Австралија, Керолин Кенеди, навести дека би можело да има договор за признавање вина меѓу Џулијан Асанж и американските власти, што би можело да стави крај на американската потера по основачот на Викиликс и да му овозможи да се врати во Австралија.

Loading...

На прашањето на „Sunday Morning Herald“ дали е можно САД и Австралија да постигнат дипломатски договор во врска со Асанж, Кенеди рече дека „случајот е во тек“ и дека Министерството за правда се занимава со тоа.

„Значи, тоа навистина не е дипломатско прашање, но мислам дека може да има решение“, изјави таа во интервју за австралиски весник.

Кенеди ја коментираше изјавата на американскиот државен секретар Ентони Блинкен дека обвинувањата против Асанж се сериозни и дека тој ја загрозил националната безбедност на САД со објавувањето доверливи информации.

„Но, постои начин да се реши тоа“, нагласи американскиот амбасадор.

Габриел Шиптон, брат на Џулијан Асанж, изјави дека „Керолин Кенеди немаше да ги каже овие работи доколку не сакаше излез од оваа ситуација“.

Асанж, австралиски државјанин затворен во Велика Британија, се бори против екстрадиција во САД, каде што се бара по 18 обвиненија за објавување доверливи американски воени досиеја и дипломатски телеграми кои откриваат воени злосторства извршени од американските сили.