Во нападот на Киев има мртви, тврди шефот на полицијата

Сподели со своите пријатели

Началникот на киевската полиција Андриј Небитов соопшти дека има жртви во ракетниот напад што денеска се случи во Киев.

Loading...

Како што рече Небитов, во нападот биле уништени и неколку приватни куќи.

Киев пост на Твитер објави фотографии од уништени куќи и изјава на началникот на полицијата.

„Како резултат на ракетниот напад, уништена е приватна куќа во еден од квартовите на киевската област, а има и жртви“, објави шефот на регионалната полиција Андриј Небитов, наведе на Твитер.

 

 

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Русија годинава извезла околу 20 отсто повеќе гас во Европа

Во меѓувреме, воздухопловните сили на Украина на Телеграм објавија дека се уништени шест балистички ракети Кинжал, шест ракети Калибр и два беспилотни летала.

Loading...

Како што беше претходно објавено, најмалку две експлозии го потресоа Киев, а сирените за воздушна тревога се огласија во моментот кога делегација на африканските земји предводена од јужноафриканскиот претседател Кирил Рамафоса престојуваше во украинската престолнина како дел од мировната мисија.

Делегацијата во која се Рамафоза и лидерите на Сенегал, Замбија, Коморските Острови и Египет, денеска треба да се сретне со украинскиот претседател Володимир Зеленски, а утре треба да отпатува за Санкт Петербург и таму да разговара со рускиот претседател Владимир Путин.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Руски напад врз Харков со балистички ракети

 

Сите информации поврзани со најновите случувања со војната во Украина можете да ги прочитате ТУКА.