Жесток ноќен напад на Днепар: Русите испукаа дожд од ракети, одекнаа експлозии

Сподели со своите пријатели

Русија синоќа изврши воздушни напади врз градот Днепар на југоисточниот дел на Украина, соопштија утрово украинските власти, а медиумите објавија и серија експлозии.

Loading...

Шефот на регионот Сергиј Лисак ги пофали украинските воздухопловни сили за соборувањето на руските ракети.

Лисак ги нарече руските сили „терористи“ на Телеграм, објави Ројтерс.

Новинската агенција РБЦ-Украина објави дека околу 15 експлозии се слушнале во Днепар за време на повеќе од 90-минутното предупредување за воздушен напад.

Овој месец Русија продолжи со ракетните и беспилотните напади врз цели во Украина по речиси двомесечно затишје, а сега нападите се најинтензивни од почетокот на војната и се случуваат неколку пати неделно, пренесува Ројтерс.

Сите информации поврзани со најновите случувања со војната во Украина можете да ги прочитате ТУКА.