ФФМ и Општина Куманово со напори да се обнови поранешното игралиште на ЗИК

Сподели со своите пријатели

Фудбалската федерација на Македонија и Општина Куманово ќе се заложат за уредување на постоечкиот голем терен на игралиштето на поранешен ЗИК.

Loading...

 

 

Вчера градоначалникот на Општина Куманово оствари средба со претседателот на ФФМ Муамед Сејдини при што го посетија игралиштето кое сега е во незавидна положба.

 

 

Loading...

– Остваривме средба и ја посетивме локацијата на поранешно фудбалско игралиште ЗИК, кај Спортската сала, кое пред извесно време Општина Куманово го запиша како соспствен имот, информираше градоначалникот Димитриевски.

 

 

Кумановскиот градоначалник и претставниците на ФФМ разговарале како заеднички да го уредат постоечкиот терен и да го стават повторно во функција.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Претрес во кумановско, пронајдени пиштоли и куршуми

 

 

Loading...

 

 

Никола Ивановски