Загинаа двајца високи руски офицери во Бахмут

Сподели со своите пријатели

Министерството за одбрана на Русија соопшти дека двајца високи руски офицери загинале во борбите во областа на украинскиот град Бахмут.

Loading...

Портпаролот на руското Министерство за одбрана Игор Конашенков изјави дека полковниците Вјачеслав Макаров и Евгениј Бровко загинале „херојски“.

„Командантот на пешадиската бригада Макаров лично ја водеше битката на линијата на фронтот. Два непријателски напади беа одбиени, а при одбраната од третиот командантот на бригадата беше тешко ранет и загина при евакуацијата од бојното поле, изјави Конашенков, пренесува ТАСС.

Тој рече дека заменик-командантот на армискиот кор за воено-политичка работа, Бровко, починал откако бил погоден од неколку шрапнели.

Министерството за одбрана соопшти дека украинските сили „масовно се обиделе“ да ги пробијат линиите на руските војници во градот Бахмут, јави Танјуг.

„Сите напади на вооружените сили на Украина беа одбиени. Немаше пробив во одбраната на руските војници“, рече Конашенков.

Сите информации поврзани со најновите случувања со војната во Украина можете да ги прочитате ТУКА.