Спасувачките екипи сѐ уште трагаат по преживеани под урнатините, а последните информации се дека има над 8.300 жртви од разорниот земјотрес на границата меѓу Турција и Сирија.
Повеќе од 20.000 луѓе се повредени, а ова не се конечни податоци, бидејќи се верува дека уште многу се заробени под урнатините.
Сликата која го обиколи светот е создадена под куп урнатини, а на неа се гледа девојче кое 17 часа било заробена со својот брат во Сирија.
Сликата прв ја сподели претставникот на ОН Мохамад Сафа кој напиша:
– Седумгодишно девојче 17 часа ја држеше раката на главата на својот помал брат за да го заштити под урнатините под кои беа. Сега се безбедни! – напиша тој.
Корисниците на социјалните мрежи, исто така, ги споделуваат нејзините наводни први зборови откако ги видела своите спасувачи.
– Чико, тргни не одовде, ние ќе бидеме твои робови до крајот на животот – наводно рекла девојката.
Исто така, многумина ја коментираа нејзината насмевка за време на спасувањето.
Претставниците на УНИЦЕФ предупредуваат дека бројот на деца жртви на разорните земјотреси може да надмине 1.000.
Во Сирија, каде здравствениот систем и инфраструктурата се уништени од 12-годишна војна, побавно пристигнуваат вестите за бројот на загинати.
Најмалку 1.932 лица загинаа, а повеќе од 3.749 се повредени, покажуваат податоците на Министерството за здравство и спасувачката организација Бели шлемови, кои бројат жртви во областите контролирани од владата и опозицијата.
A sister’s love knows no bounds: Heartbreaking photo captures Syrian girl risking everything to save her little brother from the rubble 💔 #turkiyeearthquake #Turkey #familylove“💞🙏🤔 #KiaraAdvani #SidharthMalhotra #SidharthKiaraWedding #SidKiaraKiShaadi pic.twitter.com/KKzANFsAs3
— M.d Jewell Azad (@MdjAzadBJYM) February 7, 2023
Сите информации поврзани со најновите случувања во Турција можете да ги прочитате ТУКА.