Кремљ го осуди „директното вклучување“ на западњаците во конфликтот во Украина, откако најавија испорака на десетици европски и американски тенкови во Киев.
„Во Москва тоа го гледаме како директно вклучување во конфликтот и гледаме дека станува сè поголем“, изјави за новинарите портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков.
Германскиот канцелар Олаф Шолц реши по неколкумесечни преговори, под притисок на НАТО сојузниците и коалиционите партнери, да испорача тенкови Леопард 2 на Украина и да им дозволи на земјите партнери да ги испратат и во Киев.
Украина оваа година би можела да добие до 100 најсовремени тенкови од германско производство, што е една третина од бројот што го побара.
По предавањето на Берлин, денеска и САД одлучија на Украина да и испратат 31 тенк М1 Абрамс.
Сите информации поврзани со најновите случувања со војната во Украина можете да ги прочитате ТУКА.