Руските сили тврдат дека ја држат Клешчеевка, јужно предградие на Бахмут

Сподели со своите пријатели

Проруските сили во источна Украина денеска објавија дека ја презеле контролата врз селото Клешчеевка, кое е предградие на Бахмут.

Loading...

Клешчеевка, со 400 жители пред војната, се наоѓа на девет километри јужно од Бахмут, каде руските паравоени единици Вагнер со месеци водат исцрпувачки битки со украинските сили, пренесува Ројтерс.

„Од 20 јануари 2023 година, руските војници се во ослободената Клешчеевка на територијата на Доњецката Народна Република, наведоа на Телеграм властите на самопрогласената ДПР, која беше анектирана од Русија по референдумот што Киев и повеќето земји не го признаваат.

Ден претходно, основачот на групата Вагнер, Евгениј Пригожин, објави дека населбата е ставена под контрола на руските единици, а Клешеевка ја нарече важно предградие на Артемовск, што е руско име за украинскиот град Бахмут.

Според Пригожин, околу него се водат жестоки битки, пренесува РИА Новости.

Сите информации поврзани со најновите случувања со војната во Украина можете да ги прочитате ТУКА.