Патрушев: Русија во Украина се бори против НАТО

Сподели со своите пријатели

Еден од најблиските сојузници на рускиот претседател Владимир Путин изјави дека Русија се бори против НАТО во Украина и дека Западот се обидува да ја распарчи Русија и конечно да ја избрише од политичката карта на светот.

Loading...

„Настаните во Украина не се конфликт меѓу Москва и Киев – ова е воен конфликт меѓу Русија и НАТО, а пред се (Русија) и САД и Британија“, изјави секретарот на рускиот Совет за безбедност, Николај Патрушев.

„Плановите на западњаците се да продолжат да ја распарчуваат Русија и на крајот само да ја избришат од политичката карта на светот“, изјави Патрушев за руските медиуми. Поранешниот советски шпион кој го познава Путин од 1970-тите е негов верен сојузник и се смета за еден од ретките луѓе кои можат да влијаат на рускиот претседател.

Руската инвазија на Украина на 24 февруари го предизвика еден од најсмртоносните конфликти во Европа од Втората светска војна и најголемиот конфликт меѓу Москва и Западот од Кубанската ракетна криза во 1962 година.

Сите информации поврзани со најновите случувања со војната во Украина можете да ги прочитате ТУКА.