Кулеба: Русите треба да се турнат во нивните граници и да се затворат

Сподели со своите пријатели

Министерот за надворешни работи на Украина Дмитро Кулеба изјави дека ниту еден европски лидер, освен францускиот претседател Емануел Макрон, не го покренува прашањето за безбедносните гаранции за Русија.

Loading...

Кулеба оцени дека партнерите на Украина мора да разберат дека суштината на Русија нема да се промени без разлика на владата, пренесува Танјуг.

Шефот на украинската дипломатија смета дека сега е важно да се надмине наративот дека Русија може да се претвори во либерална, демократска земја.

Според Кулеба, Русија е таква каква што е, а тоа треба да го сфатат и другите.

„Нашата задача не е да претвориме орк во елф, туку да ја изгасиме оваа агресија. И да се создадат услови под кои проширувањето на Русија ќе стане невозможно“, рече Кулеба.

Според неговото мислење, Русија од агресивно-авторитарна држава треба да се претвори во авторитарна, конзервативна држава.

„Треба да се турнат до нивните граници и да се заклучат. Нека живеат со својот крал-татко, се додека не нападнат никого“, рече Кулеба.

Францускиот претседател Емануел Макрон на 3 декември рече дека Русија треба да добие „гаранции за сопствената безбедност“ за време на дипломатските преговори.

Loading...

Сите информации поврзани со најновите случувања со војната во Украина можете да ги прочитате ТУКА.