Зеленски ја критикуваше ФИФА: Ме блокираа, но светот сепак го слушна нашиот повик

Сподели со своите пријатели

Украинскиот претседател Володимир Зеленски ја критикуваше ФИФА дека наводно одбила да ја прикаже неговата видео порака пред финалето на Светското првенство.

Loading...

Во своето ноќно обраќање Зеленски рече дека ФИФА го „запрела“ неговиот говор пред финалниот натпревар во Катар, но додаде дека „светот сепак го слушна нивниот повик“.

Вчера, украинското Министерство за надворешни работи сподели видео порака и додаде „не плашете се дека светот ќе ги слушне зборовите на мирот“.

Во претходно снимената порака, претседателот Зеленски му честиташе на светот за „прославата на човечката победа“ и побара од сојузниците да ја поддржат неговата земја, пренесува Sky News.

„ФИФА нема разбирање“

„Украина се стреми кон мир повеќе од било што друго… Нема победници во војната. Војната мора да пропадне и мирот мора да стане победник. Можно е, ве молиме поддржете ја Украина во нашите напори за мир“, додаде Зеленски.

Михаил Подољак, еден од советниците на претседателот Зеленски, го критикуваше потегот и рече дека ФИФА „покажува недоволно разбирање за катастрофата во која Русија го вовлече светот со започнувањето на војната во Украина“.

 

Loading...

 

Сите информации поврзани со најновите случувања со војната во Украина можете да ги прочитате ТУКА.