Русија ја намалила воздушната активност во Украина, тврди британското разузнавање

Сподели со своите пријатели

Руските борбени авиони значително ја намалиле активноста над Украина, се наведува во дневниот билтен на британската разузнавачка служба, пренесува dpa.

Loading...

Во моментов, руските воздухопловни сили сè уште извршуваат неколку десетици мисии дневно, што е значително намалување во однос на 300 мисии дневно во март, објави британското Министерство за одбрана на Твитер, повикувајќи се на разузнавачки информации.

Руските воздухопловни сили досега изгубиле повеќе од 60 авиони, вклучувајќи го и тактичкиот бомбардер Су-24 и јуришниот авион Су-25 само во последните неколку недели, се додава.

Британските разузнавачи го објаснуваат падот на активноста на руските воздухопловни сили на зголемената закана од украинската противвоздушна одбрана, намалувањето на можните часови на летање за руските авиони и влошувањето на времето.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Русија: Околу 20 експлозии одекнаа над Доњецк во последните неколку часа

Од почетокот на инвазијата, британското Министерство за одбрана секојдневно објавува информации за напредокот на војната.

Москва го обвинува Лондон за спроведување кампања за дезинформација.

Сите информации поврзани со најновите случувања со војната во Украина можете да ги прочитате ТУКА.