Британското Министерство за одбрана објави нов дневен разузнавачки извештај.
Во него тие наведуваат дека од септември Русија најверојатно лансирала стотици ирански дронови против Украина.
Тоа е, додаваат, мешавина од авиони кои се користат за еднократни напади и повеќе традиционални системи кои можат да се користат за повеќекратни напади.
„Русија во голема мера го користеше ова оружје против тактички воени цели и украинската електрична мрежа“, велат разузнавачките извори, додавајќи дека руските команданти веројатно користеле ирански дронови за напади врз медицински установи со наведувана муниција, кога биле идентификувани таквите објекти.
Нападот на еднократните ирански дронови камикази не е јавно снимен од 17 ноември, додаваат разузнавачите и посочуваат дека Русија има проблем со иранските дронови.
Имено, како што оценуваат, залихите на беспилотни летала е исцрпена.
„Русија се чини дека речиси целосно ја исцрпи сегашната пратка и најверојатно ќе бара снабдување. Русија веројатно може да набави дронови од странство побрзо отколку што може да произведува нови крстаречки ракети дома“, пишуваат разузнавачите.
Latest Defence Intelligence update on the situation in Ukraine – 23 November 2022
Find out more about the UK government’s response: https://t.co/Eog9qjtRCF
🇺🇦 #StandWithUkraine 🇺🇦 pic.twitter.com/0uv6zeo9jU
— Ministry of Defence 🇬🇧 (@DefenceHQ) November 23, 2022
Сите информации поврзани со најновите случувања со војната во Украина можете да ги прочитате ТУКА.